Пума (латински: Puma concolor), исто така позната како кагуар или планински лав, во зависност од регионот, е цицач од фамилијата Мачки, која живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка[3], распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.
Поради прекумерното ловење што следувало по европската колонизација на Америка, и продолженото човеково развивање врз живеалиштата на пумите популацијата се намалила во повеќето делови од нејзините историски граници. Пумата, особено била истребена во источна Северна Америка, а останала да постои една изолирана суб-популација во Флорида; животното може да ги реколонизира деловите од својата поранешна источна територија. Со својата голема разновидност, пумата има дузина имиња и различни наводи во митологијата на домородните Американци и во современата култура. Пумата неодамна се врати во државата Вајоминг, каде што моментално ја има најголемата популација во Северна Америка.

Comments
Post a Comment