Хиените се членови на цицачи од фамилијата Hyaenidae и од редот Carnivora. Видовите од оваа фамилија се среќаваат во Африка и Азија, а тие се пругестата хиена и кафеавата хиена (од родот Hyaena) и дамчестата хиена (род Crocuta) и хиените од родот Proteles. Мршојадец е, што значи дека се храни со пцовисани животни, но е многу успешен ловец. Таа е дури и еден од врвните предатори во своето живеалиште. Живее во групи - кланови, кои бројат и до 80 членови. Во клановите, женките се подоминантни од мажјаците и тие остануваат во истиот клан целиот свој живот, додека мажјаците заминуваат кога ќе пораснат. За лов, клановите се разделуваат на помали групи, од 3-5 членови, додека поголем плен, како зебри, ловат во поголеми групи.Освен во савани, живеат и во полупустини, честаци, па дури и во планински шуми. Женките котат најчесто две млади, иако може да ги има до четири и ги дојат уште 14-18 месеци. Хиените се познати по нивните гласови, кои наликуваат на кикотење. Меѓутоа дамчестата хиена произведува низа од различни гласови, кои се користат за меѓусебна комуникација.
- Get link
- X
- Other Apps




Comments
Post a Comment