Тигар (науч. Panthera tigris) — голема мачка со црвеникаво жолто-кафено пругесто крзно, распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, Јужна Азија, Суматра и Кина.
Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.[3] Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris), се помали и имаат значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од еден метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од еден метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.[3]
Постојаното користење на деловите од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се намалила за повеќе од 90%, додека два подвида се сметаат за исчезнати.



Ти благодарам за информацијата! Не сум знаел дека тигри има и во Русија :D
ReplyDelete